Пратеничката и потпретседател на Собранието, Фросина Ременски денеска пред обвинителката Русковска и денес ќе дава исказ за судскиот процес „Рекет2“.
Денеска со исказ треба да излезе и Фросина Ременски. Таа вчера по втор пат вршеше увид на доказите по што рече дека видела се освен докази.
Ременски децидна дека на ниту еден документ од Меѓународниот сојуз нема нејзин потпис.
Според истрагата на Обвинителството, Ременски на средбите кои Боки 13 ги одржувал со бизнисмените, требало да остава впечаток дека зад проектите за изградба на старски домови стои и владата.
Во обвинителството вчера од куќен притвор дојде и потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ која даваше исказ, бидејќи според истрагата која се води, таа е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело „перење пари”.
Следни на листата за распит до петок вмешани во случајот Меѓународен сојуз осомничени се уште Бојан Јовановски, Неговиот татко Миле, Христина Блажевска и Потпретседателката на собранието Фросина Ременски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.