Премиерот на новинарката и посочи дека прв пат од неа слуша за резолуцијата за геноцид врз албанското население од 1912 до 1956 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 декември, 2019 10:50

Заев: Aлбанците го сметаат Илинденското востание за свое!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во интервју за за српската телевизија Пинк истакна дека додека не се спроведе 100 отсто еднаквост, оваа Влада нема да запре со инклузивност на Албанците.Заев во интервјуто потенцираше дека Тиранската платформа и двојазичноста во Македонија се лага.

Албанците го сметаат Илинденското востание за свое, затоа што имало Албанци кои се бореле во самото востание против oсманлиското ропство кое владеело на целиот Балкан па и во тогашна Република Македонија. Во такви околности, денеска нема никакви барања, ниту тогаш ги имало, вели Заев.

За режимот на Слободан Милошевиќ во интервјуто за ТВ ПИНК, Зоран Заев вели дека дозволил да се создадат услови за отцепување на Албанците, од што штета имаат и Косово и Србија.

Премиерот на новинарката и посочи дека прв пат од неа слуша за резолуцијата за геноцид врз албанското население од 1912 до 1956 година.

Новинарката во ТВ интервјуто, му постави прашање на премиерот за скандалот со македонската химна која Тамара Тодевска на денот на независноста на САД ја испеа во скратена верзија.

Покрај промената на името, нема барања за промена на химната, знамето, грбот од било кого. Химната која нашата евровизиска преставничка ја испеа, ја исепа целата без една стофа. Нашата химна се интонира со скратени две строфи, една строфа или цела ако се интонира инструментално. Интепретаторката Тамара ја отпеа скратена без една строфа. Тоа беше пропуст на кој се реагираше.

Во интервјуто премиерот во заминување зборува и за Шарената револуција во Македонија, за коалицирањето со партиите на Албанците, за Боки 13…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.