Две лица загинаа, а дури 22 беа повредени во експлозија на пумпа во Република Српска во близина на реката Дрина, во близина на граничниот премин Трбушница.
Според информациите на информер.рс, експлозијата се случила при пренесување на бензин од резервоарот на пумпата.
Директорот на болницата „Зворник“, Иван Поповиќ, за „Српскаинфо“ изјави дека досега се повредени најмалку седум или осум лица.
– На лице место има три амбулантни возила. На местото на настанот дојдоа и екипи за итни случаи од Лозница и од Бијелина – рече Поповиќ.
Од силата на детонацијата, пумпата беше скоро целосно уништена, како и најмалку два автомобили.
Целото место изгледало како Апокалипса, од бензинската немало останато ништо.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.