Мицотакис, како што јавува МИА од Атина, меѓу останатите теми, говори и за критиките дека по изборите го променил ставот за Договорот од Преспа и направил „салто” во конкретното прашање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 декември, 2019 15:15

Мицотакис: Не можам да го поништам Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за весникот „То Вима”премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис изјавил дека предизборно направил се што е во негова моќ за да го спречи договорот од Преспа. Тој вели дека претходно  предупредил дека ако се потпише,тој договор ќе биде тешко да се поништи, а сега гледа да ги подобри аспектите на договорот кој беше потпишан од страна на неговиот претходник Алексис Ципрас.

Мицотакис беше победник на предвремените парламентарни избори во Грција, со 8,5% разлика во однос на СИРИЗА.

Мицотакис, како што јавува МИА од Атина, меѓу останатите теми, говори и за критиките дека по изборите го променил ставот за Договорот од Преспа и направил „салто” во конкретното прашање.

Гледам да ги подобрам аспектите на Преспа кои предизвикуваат проблеми. Затоа, мојата влада ги поддржа производителите од Северна Грција да го обезбедат македонскиот бренд. Претходната влада не го стори тоа. Јас се видов со Заев и му реков: ‘Види, сакам добрососедски односи, но нема да прифатам погрешни толкувања за идентитетските прашања што се поврзани со Грција’. И секогаш поддржував дека треба да се задржи отворен европскиот пат на Западен Балкан. Каде точно е салтото? Оние што се повикуваат на тоа, веројатно се зашеметени од нивните салта. Јас останувам на мојата должност-со Договорот што веќе постои и економијата што одново застанува на свои нозе во Грција, работам за одново да добиеме лидерска улога на Балканот, изјавил Мицотакис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.