Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива тековно по наместа влажни коловози.
Снег врне на П.Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11 2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.
Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.