Заканувачот Емил Јакимовски кој упатуваше закани и навреди до новинарките и уреднички Мери Јордановска од А1 ОН и Искра Коровешовска уредник и новинар во Алфа ТВ, доби решение за престанок на работниот однос.
Ваквата одлука за престанок на работен однос ја донела директорката на Централен Регистар Марија Бошковска Јанковски до која исто така пристигнуваа навреди и закани.
Марија Бошковска Јанковски соопшти дека оваа одлука доаѓа поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.
Директорката вели дека Јакимовски не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина
-Иако вработениот треба задолжително да го чува, Јакимовски сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот-напиша на Фесјбук доцна во неделата Бошковска Јанковски.
Вчера директорката информираше дека Фејсбук страната чиј креатор бил токму Емил Јакимовски е хакирана.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.