Имено како што пренесуваат српските медиуми Лепа Луќич зема пензија од околу 180 илјади српски динари., па сега пејачката може да ужива во својата старост.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јуни, 2023 11:49

ВРТОГЛАВА СУМА: Еве колкава пензија зема Лепа Луќиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Легендарната српска пејачка на изворни, народни и новокомпонирани песни Лепа Лукиќ добива пензија од која буквално ќе ви се заврти умот.

Имено како што пренесуваат српските медиуми Лепа Луќич зема пензија од околу 180 илјади српски динари., па сега пејачката може да ужива во својата старост.

Лепа Лукиќ во моментов е во Канада и таму ќе остане до средината на февруари.

Пејачката во текот на својата кариера плаќала допринос за здравствено и пензиско осигурување, па сега врз основа на тоа има примања од 30 илјади динари.

-Лепа поради оваа пензија мора да иде во Канада на секој шест месеци. Многумина се прашуваат зошто толку често таа патува, но сега е откриена причината. Сигурно таму таков е законот, без обѕир на тоа што си родум од друга земја, но на Лепа тоа не и е проблем за да ја промени средината и се одмори, вели извор близок до пејачката за српските медиуми.

Во 2011 година пејачката добила национална пензија за допринос во културата која на месечно ниво изнесува 45 илјади динари.

Пејачката иако има голема пензија и нејзината кариера го достигна врвот, сепак таа целиот свој живот патела по тоа што нема деца.

Лепа Лукиќ мајчинската љубов им ја давала на дечињата во своето опкружување.

Пред неколку години нејзиниот втор сопруг Влада Перовиќ за српски Курир откри дека Лепа не можела да стане мајка поради лекарска грешка при абортус.

-Пред да стапиме во брак, Лепа имаше абортус. Лекарите не го изведоа добро зафатот, имаше компликации потоа, и од тогаш повеќе не можеше да забремени. Мене не ми пречеше што немаме наследници, зошто навистина ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавност, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго себеси се обвинуваше за сето тоа, ја носеше таа вина на душа со години. Се надевам дека успеа да се избори со тоа, и дека си прости себеси, изјави тогаш Перовиќ

Лепа Лукиќ е родена на 16 јануари 1940 година во селото Милочај. Првиот успех го забележала во 1965 година кога ја снимила песната „Од изворот две патеки“ (срп.: “Од извора два путића”) која ја компонирал Петар Танасиевиќ. Нејзиното пеење ја карактеризира леснотијата, непогрешната интонација и големиот број на музички ортнаменти.

Таа снимила голем број на стари изворни песни и голем дел од нив станале големи хитови во Србија и поранешна Југославија.

Покрај музичката кариера таа зела учество и во неколку филмски проекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.