Тој истакна дека во моментов барем еднаш неделно партиските работни групи имаат средби за Изворниот законик, а разговараат и за Законот за ЈО.

Објавил: Весна Петровска | 18 јануари, 2020 15:17

Заев: Ќе седнам и со Мицкоски ако треба за да го донесеме Законот за Јавно обвинителство

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин фото/ Лидер

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Законот за Јавно обвинителство ако работните групи на двете партии ги доближат ставовите.

Тој истакна дека во моментов барем еднаш неделно партиските работни групи имаат средби за Изворниот законик, а разговараат и за Законот за ЈО.

,,Ако има реална потреба, би седнал да разговарам со Мицкоски, бидејќи е важно за државата. Се работи за системско решение кое е дво-третинско и сите имаат одговорност. Се надевам дека ако не пред, по изборите ќе го донесеме”, рече Заев.

Според лидерот на владејачката партија, со носењето на овој закон се дава плус аргумент на членките на Еворпската Унија за позитивна одлука на Европскиот совет.

,,Се надевам на осумте пратеници, тие веруваат во европската иднина. Тие тоа го направија и со договорот со Грција. Верувам дека вербата опстојува и може да дадат поддршка. Со сите ќе разговарам за ова прашање”, истакна Заев.

Тој додаде дека разговарал со независните пратеници во Собранието и порача дека може и да го подобрат овој Закон сите пратенички групи, а со цел истиот конечно да се донесе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести