Врвниот голман Арпад Штербик најави негово пензионирање. Тој реши на крајот на сезонава да му каже збогум на ракометот, објави Екипа.мк
Штербик последните 20 години го достигна врвот на својата кариера, но најави дека од јуни ќе му се посвети на семејството.
-Среќен сум. Ако сум искрен, морам да признам дека размислував за овој потег веќе четири-пет години. Секогаш имаше нешто што ме предомислуваше, што ме тераше да одам напред. Ракометот е дел од мојот живот, ќе остане дел и кога ќе се пензионирам, но не чувствувам тага од ваквиот потег. Дома ме чекаат жена и две убави деца, немам зошто да бидам тажен. Исто така, сакам и навивачите да не тагуваат, бидејќи ако бидам неопходно ќе дојдам да помогнам, објави Штербик.
Штербик ќе остане запаметен по ракоемтниот клуб Вардар и освоената прва титула во Лигата на шампионите.
Со екипите за кои настапувал, Штербик освоил вкупно 55 медали и добил 8 индивидуални награди.
Во 2005 година, Штербик бил прогласен за најдобар голман во Унгарија, а ИХФ го прогласила за најдобар светски ракометар. Потоа, Штербик играл во шпанската АСОБАЛ лига, каде настапувал за тимовите на Сјудад Реал, РК Атлетико Мадрид и РК Барцелона. Притоа, од 2006 до 2010 година, петпати по ред бил прогласуван за најдобар голман во лигата, а во 2006 година бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на лигата. Во јуни 2014 година, Штербик потпишал четиригодишен договор за РК Вардар од Скопје.
Во својата кариера, Штербик играл за две репрезентации: СР Југославија и Шпанија и со двете освоил медали на светските првенства. На европското младинско првенство во 1998 година, Штербик освоил сребрен медал, а идната година, освоил златен медал на Универзијадата. На светското првенство во 2005 година, Штербик бил прогласен за најдобар голман. На светските првенства во 1999, 2001 и 2011 година, Штербик освоил бронзени медали, а на светското првенство во 2013 година, со репрезентацијата на Шпанија, конечно го освоил златниот медал.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.