сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Нашата држава е рангирана на 77 место во светот според Индексот на демократија во 2019 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 10:36

“ЕКОНОМИСТ”: Во Македонија нема демократија туку хибриден режим

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија останува во групата на држави со „хибриден режим“ заедно со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан, објави денеска „Економист“.

Според дефиницијата на Списанието за демократија за компетитивни авторитарни режими, станува збор за земји кои започнале со транзиција во 1980-тите и 90-тите, но никогаш не успеале да станат консолидирани демократии, тие во својата дефиниција го користата и зборот хибридни режими, кои според нив комбнираат авторитарни и демократски карактеристики. Според медиумот квазидемократските институции всушност го зајакнуваат авторитаризмот. Од 46 режими помеѓу 1990 и 1995 година, повеќето или се демократизираа или беа заменети со нови автократии, односно дополнително регресирале.

Нашата држава е рангирана на 77 место во светот според Индексот на демократија во 2019 година.

Ако се земе предвид 2018 година, ова е успех што сме се подобриле за само едно место погоре.

Ова престижно списанието за демократија е основано во 1990 година и e официјално објавување на Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија.

Економист се занимава со проучување на демократијата, демократските режими и про-демократските движења низ целиот свет.

Авторите Левицки и Веј ја ажурираа својата класификација на авторитарни режими во светот, по што Македонија беше на листата на ниво на авторитарен режим! Македонија е во друштво на африкански држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали и Сиера Леоне!

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.