Прашањето за името на нашата држава е горливо прашање. Се чини дека големата неправда што ја доживеа нашиот народ со противуставното и нечесно менување на уставното име, ќе остави длабоки колективни трауми од кои нема да се опоравиме уште многу долго време.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 28 јануари, 2020 12:14

Колку треба да си студен за да одиш посеверно од додавката „Северна“?

Фото/Текст извор: ©магазин

Прашањето за името на нашата држава е горливо прашање. Се чини дека големата неправда што ја доживеа нашиот народ со противуставното и нечесно менување на уставното име, ќе остави длабоки колективни трауми (термин на Џефри Александер) од кои нема да се опоравиме уште многу долго време.

Таман кога меѓународниот фактор и домашните политички актери мислеа дека „Северна Македонија“ стихијно и со тек на време е етикета од блуза на кој се навикнуваш и повеќе не те боли, ќе се случи некој настан кој ќе ни ги подгрее срцата и кој ќе не потсети како се викаме.

Настани кои предизвикуваат национална гордост се ретки, но македонскиот народ неизмерно се радува на нив.

Ова утро на социјалните мрежи масовно се споделува видеото во кое Влатко Лозаноски, на доделувањето за најдобра поп-фолк песна на МАС во Белград, го коригира водителот дека името на неговата држава не е Северна Македонија, туку Македонија. Секако се чини дека ова не е многу влијателна случка, колку што е кажувањето на овој став од страна на политички релевантна фигура (на пр. Премиер или Претседател) во политички релевантна меѓународна институција (на пример ООН). Но, не сме ни свесни колку големо влијание има изјавата на Влатко Лозаноски во Белград. Обично уметниците кои се популарни, особено поп пеачите имаат широк аудиториум. Со самото тоа, секоја нивна постапка, гест или реченица ја забележува поголема група на луѓе, отколку зборовите на кабинетски или академски уметник/музичар. Исто така, поп иконите обично се идеолошки репрезентатив или го рефлектираат она што е актуелно и социјално пожелно. Изјавата на Влатко не само што е изјава на еден македонец со свест за својата припадност и личен став во однос на прашањето со името, туку е и општо прифатено мислење на групата која ја застапува – односно, неговата македонска публика.

На доделувањето на наградите на музичкиот настан МАС во Белград, македонскиот поп пејач го исправи водителот дека името на државата која ја претставува не е „Северна Македонија“ туку само „Македонија“

Забележлива е националната гордост на оние кои не прифаќаат да се самодекларираат поинаку одошто како „Македонци“ колку што е забележителен и срамот на оние кои као демек се залагаа за „Европска Македонија“. И локалистите – наионалните горделивци и глобалистите – потенцијалните Европејци се свесни за тежината на настанот – Промена на уставното име. Не случајно подржувачите на референдумот и електоратот на тогаш владејачката партија својот гест на подржување на референдумот мораше да го глорификува нарекувајќи го референдум за „Европска Македонија“ кој во суштина не можеше поинаку да се третира освен како национално предавство. Истите тие потенцијални Европејци, ни пред своите истомисленици не изговараат „Северна Македонија“ бидејќи се свесни за срамот кој го предизвикува тој изговор. Тие се усрамени и вешто го кријат својот неуспех бидејќи поради партиските насоки услов беше да се откажат од своето исконско, колективно потекло и да го именуваат со друго име. Од друга страна ги имате симболите на „национална гордост“ кои не престануваат да потсетуваат на т.н „северџанство“ и да покажуваат болка, угнетеност, отпор и гнев при помен на името „Северна Македонија“.

По се изгледа дека името нема да престане да биде клучна политичка тема, околку која политичките партии ќе си ги кршат копјата, гласачите ќе следат кој како се произнесува околу нив, Македонците ќе чекаат прилика емотивно да изрегираат на секој јавно искажан отпор против неправедно наметнатата додавка „Северна“. Името „Северна Македонија“ останува во службена и меѓународна употреба, но тоа никогаш нема да влезе во идентитетската мрежа на Македонците. Ниту сто „Северни“ со институционални печати нема да го избледат печатот на именката „Македонија“ во свеста на Македонците. Ништо нема да го спречи разгорувањето на срцата на Македонците на секоја национална гордост, на секој настан кој ќе не обедини и сплоти како нација. Со многу повеќе студенило може да се оди посеверно од додавката „Северна“ но невидливиот оган во градите на Македонците ќе успее да го стопи целото студенило што го предизвика неправедно и неуставно наметнатата придавка „Северна“.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...