Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ветерот од северен правец полека ќе ја намалува својата брзина.

Објавил: Перо Милчин | 8 февруари, 2020 17:58

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Следуваат шокантни температури во Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Овој викенд како и на почетокот од следната недела, нашата територија ќе биде под влијание на стабилна и сува воздушна маса.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ветерот од северен правец полека ќе ја намалува својата брзина.

Наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од-10 до -2 степени, понекаде истите ќе се спуштаат и до -13 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени.

Пораст на температурите на воздухот ќе има на почетокот од следната недела, во најтоплите предели тогаш максималните дневни температури се очекува да се искачат и до околу 15 степени.

Во пораст се очекува да бидат и минималните температури на воздухот.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...