Охридско ѓомлезе, тресена пастрмка, охридски чомлек и охридска торта, се само мал дел од традиционалните јадења кои по уникатен рецепт се подготвуваат само во Охрид.
Рецепт за охридски чомлек. За ова јадење ви е потребно малку повеќе време, но резултатот навистина вреди.
Состојки:
2,5 кг мали кромидчиња
1 кг јунешка кртина
2 главици лук
1/2 чаша вински оцет
1/2 чаша вода
масло за готвење
сол, црн бибер и црвен пипер
Начин на готвење:
Месото се сече на парчиња. Се чистат кромидот и лукот.
Наредете ги во тава за печење по следниот редослед: ред кромид и лук, ред месо. Лукот треба да има тенка кора за да не се стопи.
Се посипува со црвен пипер, црн бибер и сол.
Додадете го винскиот оцет, водата и маслото за готвење.
Тавчето се покрива и се пече 2-3 часа на 200 степени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.