Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Објавил: Владо Марин | 10 февруари, 2020 6:49

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои беше номиниран.

Веднаш после доделувањето на Оскарите на социјалните мрежи се огласи и тимот на Медена земја во кој се заблагодари на Македонските граѓани и сите поддржувачи низ целиот свет кои дадоа безрезервна поддршка за документарниот филм, кој ќе биде запишан во Македонската историја.

Тимот напиша дека се почестени што беа номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Наградата за најдобар интернационален филм, најдобра режија и најдобар филм отиде кај ривалот на „Медена земја“, јужнокорејскиот филм „Паразит“.

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата, стои во објавата.

Ви ја пренесуваме во целост нивната објава:

„Пред сѐ, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас.

Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката.

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани.

Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни.

На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака.“

И главната протагонистка на документарецот, Атиџе Муртова, од Лос Анџелес ја упатува својата порака:

‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.