Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант погребан е заедно со неговата 13 годишна ќерка Џиана, вчера на приватна церемонија во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.
Погребот бил затворен за јавноста и присуствувале само најблиските членови на семејството.
Комеморацијата за Коби Брајант и неговата ќерка Џиана ќе биде одржана на 24-ти февруари во Стејплс центарот, пишуваат од „Лос Анџелес Тајмс“.
Неименуван извор го отрил и местото и времето на комеморацијата која ќе биде одржана на симболичен датум.
Бројот 24, Брајант го носеше во текот на својата кариера додека пак неговата ќерка го носеше бројот 2, а овој број го симболизира месецот февруари.
Една од идеите била комеморацијата да се одржи на фудбалски стадион за да може да присуствуваат поголем број луѓе, но на крајот изборот е на местото каде што Коби Брајант ја испиша својата кошаркарска историја.
Американскиот кошаркар Коби Брајант загина на 26 јануари на 41-годишна возраст при пад на неговиот приватен хеликоптер во Калифорнија заедно со неговата ќерка и уште 7 лица.
Брајант беше еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња.
Пред да се пензионира после 20-годишн кариера, како кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс освои 5 трофеи и учествуваше на 18 ол-стар натпревари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.