Таа рече дека Македонија уште во 2018 година беше подготвена за членство во НАТО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 февруари, 2020 20:19

Шекеринска: Нашето полноправно членство во НАТО е прашање на денови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Радмила Шекеринска, Министерката за одбрана, денеска присуствуваше на министерскиот состанок за одбрана на земјите сојузнички на НАТО. Таа рече дека наредниот пат Македонија ќе учествува на состанокот како земја полноправна членка на НАТО.

Нашата одбранбена соработка ќе биде на две земји сојузнички, навистина долг беше нашиот пат кон НАТО, и сега влегуваме со сигурен чекор, рече министерката за одбрана Шекеринска.

-За последен пат учествувам како поканета членка, а не како полноправна членка, денес е денот кога во Република Северна Македонија се објави официјално Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и ја добивме веста дека шпанскиот Парламент ја прифати брзата трака за ратификација на нашиот протокол, нашето полноправно членство е прашање на денови, а не месеци или недели, рече Шекеринска.

Таа рече дека Македонија уште во 2018 година беше подготвена за членство во НАТО.

-Уште во 2018 најавивме дека сме подготвени да го зголемиме учеството во Авганистан и бевме во преговори за техничките единици, а разговаравме за испраќање офицери во Ирак како дел од тренинг мисијата. Клучно е да се види кои се плановите на НАТО, а ние како земја што придонела многу ја оставаме можноста да го зголемиме учеството во овој важен регион, рече Шекеринска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.