Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука, напиша на социјалните мрежи разрешената министерка Рашела Мизрахи.

Објавил: admin@magazin | 16 февруари, 2020 19:41

Ова е убавата ќерка на Рашела: Македонија е наш дом повеќе од петстотини години- Срцето ни е тука(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука, напиша на социјалните мрежи разрешената министерка Рашела Мизрахи.

Собранието ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. По речиси шест часовна расправа во десетина минути пред 4 часот, пратениците со 62 гласа „за“ и 26 „против“ ја разрешија министерката.

Таа по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, на 3 јануари годинава стана дел од техничката влада која треба да организира и да спроведе избори.

Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука, напиша на социјалните мрежи разрешената министерка Рашела Мизрахи.

Рашела Мизрахи професионалната кариера ја започнува во 2004 година, кога до 2006 година има остварено клиничка пракса во Ветеринарната Клиника „Д-р Налетовски“ во Скопје и во Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки „Гвелф“ во Онтарио, Канада.

Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија при Факултетот за ветеринарна медицина, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Од 2009 до 2013 работи на мониторинг на лабораториски животни, сектор на Проф. Шимон Тинман на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, а од 2015 до 2017 година е советник во Министерството за здравство и работи на медицински статистички анализи по разни критериуми, формирање и водење на регистри на пациенти, формирање и раководење со научно-стручни тимови, пропишување на стратегии за креирање, развој и водење на здравствени програми, креирање и имплементација на процедури во здравствениот систем и др. Во истиот период е консултант на Глобалниот фонд во рамки на Програмата за туберкулоза во Северна Македонија.

Мизрахи има остварено научно-истражувачка дејност во периодот од 2007-2014 година, на Институтот за научно истражување базирано на животни „Кибуц Лахав“ во Израел и во Институтот за истражување во кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и истражувања по биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки, на катедрата на Проф. Хаи Браитбарг, на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел.

Во нејзината кариера има остварено научно-истражувачки дејности и на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, областа физиологија на репродукција.

Во својата професионална кариера има учествувано со свои презентации на повеќе конференции и конгреси како Балканската Ветеринарна Конференција во 2009 година, Третиот Интернационален Конгрес на тема: „Контраверзии во криопрезервацијата на стем клетки, репродуктивни клетки, ткива и органи“ во Берлин, во 2013 година, Конференција на Израелската Асоцијација за Фертилност – Тел Авив, и „Mitochondrial PKA mediates sperm motility“ (BBA – General Subjects/2014) во 2014 година, Третата Интернационална Школа за Ретки Болести и ORPHAN медикаменти во Рим, Италија во 2015 година, и била предавач на Интернационалната школа за млади лидери во Охрид, во 2017 и 2018 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.