Британската кралица Елизабета Втора нема да интервенира за ослободување на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, на кого му се заканува екстрадиција во САД!
Бакингемската палата официјално потврди дека кралицата Елизабета Втора нема да се меша во овој случај затоа што станува збор за „политичка работа“ и кралицата сака да остане далеку од политичките теми.
Реакцијата од Бакингамската палата дојде откако славниот активист Крис Лонсдејл минатиот месец испрати писмо до кралицата Елизабета Втора во кое бара Асанж да биде ослободен од затвор бидејќи тоа е во „духот на правдата, мирот и чесноста“.
Асанж во моментов се наоѓа во британскиот затвор во Белмарш. Тој чека одлука за екстрадиција во Америка, каде е обвинет за ослободување десетици илјади доверливи дипломатски документи.
– Нејзиното Височество ќе продолжи строго да се придржува кон правилото да не се меша во политички работи и затоа прашањето за престојот на Асанж во затвор не е нешто за што би интервенирала таа – се вели во одговорот на Бакингемската палата.
Приврзаниците на Асанж уште од почетокот изјавија дека неговото затворање е мотивирано од политички причини, а не поради наводна правда. Основачот на Викиликс се наоѓа зад решетки уште откако беше уапсен минатиот април во еквадорската амбасада во Лондон за кршење на одредбите за кауција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.