„Ако се случи тоа, ве молам, известете ме“, рече судијата Бараистер.

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 февруари, 2020 22:12

Асанж го малтретираат во затвор: Адвокатот тврди – 11 пати го врзуваа со лисици и 2 пати беше соблечен до гола кожа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Едвард Фицџералд, адвокат на Џулијан Асанж, изјави денеска дека основачот на Викиликс бил дури 11 пати врзан со лисици, и неколку пати бил соблекуван до гола кожа. Адвокатот тврди дека на Џулијан му се одземени сите важни судски документи на првото сослушување за депортирањето во САД.

Фицџералд му рече на судијата дека постапувањето со Асанж во лондонскиот затвор „Белмарш“ „може да се смета за непочитување на овој суд“, пренесе АП. Рочиштето за екстрадиција започна вчера во судот Вулвич Краун, кое се наоѓа веднаш до затворот.

Окружната судијка Ванеса Бараистер, која го води случајот, рече дека нема да може да работи освен доколку Асанж не може да учествува во постапката, за која се очекува да трае неколку месеци.

„Ако се случи тоа, ве молам, известете ме“, рече судијата Бараистер.

Американските власти сакаат да го судат Асанж за обвиненија за шпионажа со максимална казна затвор од 175 години затвор за ослободување стотици илјади тајни воени документи и дипломатски испраќања во 2010 година. Асанж тврди дека се однесувал како новинар кој има право на заштита според првиот амандман на Уставот на САД.

Рочиштето за екстрадиција се очекува да продолжи во текот на целата недела, проследено со пауза до мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.