Асанж, пластично ја откри вистината и мотивот кој го имаа западните империјалистички сили, на чело со САД и НАТО, при нивните воени походи и насилства во име на „човековите права и демократијата“ спроведени ширум светот.

Објавил: Владо Марин | 7 септември, 2020 18:49

Единственото злодело на Асанж е откривањето на империјалистичките злодела на САД и НАТО!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Севкупната состојба со правдата и слободата – како и односот на граѓанскиот политички естаблишмент кон овие две историски категории – е сумиран во ужасниот третман на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж. Случајот Асанж покажува дека владеење на правото е обична фарса и лага во империјалистичкиот поредок, а законот пак обичен изговор за извршување неправда и ограничување на слободата.

Асанж, пластично ја откри вистината и мотивот кој го имаа западните империјалистички сили, на чело со САД и НАТО, при нивните воени походи и насилства во име на „човековите права и демократијата“ спроведени ширум светот.

„Викиликс“ на обичниот човек му ја покажа непобитната вистина за „хуманитаристичките“ акции на неговата држава/влада, спроведувани на сила и без легитимитет низ другите земји во светот.

Поради ова, Асанж можеби е најважниот новинар на нашето време.

Иако е гонет за т.н шпиунажа, всушност тој е обвинет за откривање воени злосторства.

За прогонувачите, злоделото на Асанж е тоа што тој на мегдан на правдата и пред очите на светската јавност, ги изложи американските воени злосторства што чинеа десетици илјади животи во Ирак и Авганистан, како и дипломатските интриги што доведоа до масовни страдања низ целиот свет. Наместо да се судат воени злосторници како Блер, Буш и Чејни, му се суди на Асанж кој ги обелодени токму нивните злосторства.

„Викиликс“ и Асанж ни обезбедија оклоп на вистината за војните, како и за политиката и целите на насилната и неодговорна моќ. Застануваќи во нивна одбрана, ние ја браниме храброста да се спротивставиме на повеќегодишната империјалистичка пракса на насилство и манипулација за прикривање на вистината. Токму политичкиот прогон на Асанж ја покажува усогласеноста и складноста на двете, условно спротивставени, политички проминенции од владеачкиот естаблишмент во САД – Демократската и Републиканската Партија. За нив, империјалистичките интереси на Владата на САД, не само што се над законот, меѓународниот поредок, правдата и слободата – туку и се спроведуваат на директна штета на други земји и региони и се со ужасни последици кон секојдневниот живот на народите кои живеат таму.

Поради ваквиот негов грев, Асанж сега е политички прогонуван и соочен со затворска казна од 175 години.

Левица се приклучува кон глобалниот протест против прогонот на Асанж и во таа насока упатуваме повик до сите опресирани народи да застанат во негова одбрана и да извршат притисок за негово ослободување. Борбата на Асанж е борба против капиталистичките опресори кои народите ги втурнуваат во војна од која профитира само владеачката класа. Ваквата борба не може да се одвои од борбата за националното ослободување на народите ширум светот кои постојано се под империјалистичката чизма на САД и воената алијанса НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...