Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, велат од Продукцијата.

Објавил: admin@magazin | 22 февруари, 2020 19:54

ЗАЕВ НА ШМИНКАЊЕ: Имам две жени што ми помагаат дома

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни.

– Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам“, изјавил Заев.

На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: „Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“.

Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва работа од која ги заработил првите пари.

Не ја пропуштајте #1на1, утре (недела) од 18:30 часот на Канал 5. На Жаре му споделив приватни приказни и интересни ситуации од професионалниот живот, напиша на социјалните мрежи екс премиерот Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.