Асли моментално е една од најпопуларните актерки во Турција. Таа е родена во Лондон, Англија и таму живеела  додека не наполнила 12 години. Познатата актерка дипломира на Универзитетот „Халич“ во Истанбул. Таа од секогаш сакала да стане актерка, а во остварувањето на нејзиниот сон, многу и помогнала нејзината мајка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 11:23

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Душко ја изневерувал Јелена со Суреја од „Истанбулската невеста“ ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Триесет и четири годишната актерка Асли Енвер или на јавноста позната како Суреја, од „Истанбулска невеста” верувале или не ја поврзуваат со сопругот на Јелена Карлеуша.

Асли моментално е една од најпопуларните актерки во Турција. Таа е родена во Лондон, Англија и таму живеела  додека не наполнила 12 години. Познатата актерка дипломира на Универзитетот „Халич“ во Истанбул. Таа од секогаш сакала да стане актерка, а во остварувањето на нејзиниот сон, многу и помогнала нејзината мајка.

Актерката во приватниот живот се бори со сериозна болест, таа боледува дислексија но и покрај сите предизвици таа не се предава.

За Асли, секој постигнат успех не беше лесен, бидејќи актерката се бореше со дислексија, па и требаше малку подолго за да го научи секој текст. Но,таа научи како да се справи со предизвиците! Нејзината мајка и помогнала во сè.

“Мајка ми ме праша дали сакам да се занимавам со уметност. Избрав глума. Тоа не ми изгледаше така лошо. Таа ме испрати на курс. Значи, да, мајка ми ми помогна”, рече актерката во една прилика.Се разбира, како што пораснав и се едуцирав, така и моето мислење се промени. Денес, не ја гледам дислексијата како главен животен проблем. Само е отежнувачка околност да се справиме, а вистинските проблеми се болест, сиромаштија или губење на некој близок “, рече таа во едно интервју пред неколку години.

 

Улогата на Суреја, од популарната серија која ја гледаме секој ден на телевизија Сител и донела на Асли голема слава.

Од неодамна турските медиуми почнаа да пишуваат разни вести поврзани со актерката, а меѓу нив беше и веста дека таа била во кратка афера со сопругот на познатата српска пејачка Јелена Карлеуша,фудбалерот Душко Тошиќ.

Како што објавија турските медиуми љубовната афера меѓу Душко и Асли се случила лани, додека тој играл за „Бешикташ“.

Во изјава за медиумите, Асли демантирала дека била во врска со Душко. Таа рекла дека тие двајца воопшто не се познаваат.

Смешни ми се вашите пишувања. Ги повредувате луѓето со вашите измислици“, рекла таа.

Сепак Асли призна дека е голем навивач на Бешикташ:

Навистина сум навивач, затоа ми е многу смешна оваа вест, рекла Асли.

Инаку во моментот глумицата е во врска со музичарот Мурат Бозу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.