Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека Германија е на почетокот на епидемијата по уште шест случаи на инфекција со коронавирус.
Тој истакна дека во Германија веќе не е можно да се следат ланци на зараза како што тоа го правеа досега.
“Голем број луѓе се во контакт со пациенти кои биле заразени со вирусот. Сега е прашањето дали функционира нашата сегашна стратегија за изолирање на вирусот и рушење на ланецот на ширење”, рече германскиот министер, истакнувајќи дека има мали шанси за епидемијата да ја заобиколи Германија.
Осум случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во Баварија, но секоја инфекција може да се проследи до изворот на инфекцијата.
Тој истакна дека во средата имал телефонски состанок со сојузните министри за здравство во покраината, каде што било договорено провинциите да ги започнат своите планови за појава на вирус.
Сепак, на крајот тој рече дека граѓаните не треба да паничат и да шират страв.
„Не треба да одите веднаш на лекар при првата кашлица“, додаде министерот Спан.
Во Германија, во последните два дена се појавија пет нови случаи на инфекција со коронавирус.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.