Вчера нов инцидент на турско-грчката граница, мигрантите се поагресивни во намерата да ја поминат границата

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 6 март, 2020 10:09

ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ ПОТВРДИЈА: Голем дел од мигрантите се инфилтрирани борци на „Исламска држава“

Фото/Текст извор: ©магазин

Инцидентите на турско-грчката граница не запираат. Рано наутро со солзавец и шок бомби мигрантите се обиделе да ги совладаат припадниците на грчката армија кои го обезбедувале граничниот премин. Грчката армија одговорила со водени топови. И покрај навремениот и соодветен одговор на грчката армија, дури 252 лица успеале да ја поминат границата, а влез на 36649 бил спречен од вчера до денеска. 

Иако 252 лица успеале да ја поминат грчката граница, тие набрзо биле уапсени и спроведени пред надлежните институции. Повеќето уапсени лица се од Авганистан (64 отсто), 19 проценти се од Пакистан, пет отсто од Турција, од Сирија се четири проценти, 2,6 отсто од Сомалија, а останатите 5,4 отсто од Ирак, Иран, Мароко, Етиопија, Бангладеш и Египет. 

Во градот Морија, на островот Лезбос, пред неколку дена беше демолирана црквата св.Ѓорѓија од страна на мигрантите кои на грчка тероторија доаѓаат од Турција

Разнородната демографска структура на мигрантите може да укажува на тоа дека мотивите за нивното мигирање во Европа не се исти. Судејќи според правото и постулатите на „Женевската конвенција“ која предвидува територијата на Европа да е слободна за азил на лица чии основни човекови права се загрозени поради војна или политички судири, не може да се одреди на кој профил од мигрантите, тие одредби се однесуваат. Во услови кога има неконтролиран наплив на мигранти кои на сите начини се обидуваат да поминат на територија на Европа, не може да се направи разграничување колку од мигрантите имаат мотив да мигрираат само затоа што им се нарушени основните човекови права, пред се, правото на живот. 

Во јавноста се појавуваат тврдења дека голем дел од мигрантите се инфилтрирани борци на т.н. „Исламска држава“ кои имаат агенда на територијата на Европа да предизвикуваат нестабилност, скандали и да го пореметат нормалниот начин на живот и функционирање на европските граѓани. Ова тврдење го потврдува и статистиката која грчката влада ја пренесе до медиумите за демографската структура на уапсените мигранти. Втори по застапеност, односно 19% од мигрантите се од Пакистан, подрачје кое во моментот не е воено жариште и животите на жителите не се загрозени. 

Европската Унија има недвосмислен став околу пропуштањето на мигрантите на територијата на Европа. Фондови во висина од 700 милиони евра ќе бидат доделени на Грција како поддршка во борбата со справување со мигрантите. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак најави дека дури и да успеат мигрантите да ја поминат грчката граница нивниот влез ќе биде спречен на унгарската граница. На мигрантската криза во 2015 и 2016 година, Унгарија одговори најрадикално, со поставување на барикади на унгарските јужни граници. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.