Ова стана  јасно откако вчера најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ ги објави  кандидатски листи  за предвремените парламентарни избори на 12 април а на кои тој не беше посочен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 март, 2020 10:17

По пет мандати и цели 14 години во политиката Влатко Ѓорчев го напушта Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој цели  14 години беше дел од политиката сега реши да се повлече. Ѓорчев кој имаше пет мандати како народен избраник за прв пат годинава ќе почувствува како е да не биде пратеник.

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 31.8.1978 година во Скопје. Македонец. Дипломирал на Правен факултет – Политички студии во Скопје.

Ова стана  јасно откако вчера најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ ги објави  кандидатски листи  за предвремените парламентарни избори на 12 април а на кои тој не беше посочен.

– Огромна благодарност што бев пратеник. Желба за успех до новите пратеници.
Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!, објави Ѓорчев доцна синоќа.

Покрај Ѓорчев, на листите не се најдоа и други познати пратеници како Илија Димовски и Даниела Рангелова, но засега од нивна страна нема експлицитни реакции.

Досегашни активности на Ѓорчев во Собранието

  • Комисија за одбрана и безбедност, претседател
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести