Навнодно тие, сакале да направат сопствен играорен перформанс. Знамето беше отстрането, а СВР Охрид веднаш излегла на терен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2019 21:55

Алијанса за Албанците реагира на приведувањето на лицата кои поставија албанско знаме во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешниот инцидент со поставување на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, беа притворени двајца членови на фолклорна група од Косово, на што реагираше Алијансата за Албанците. 

Фолклорно играорна група од Косово утрово го поставила знамето на Република Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид.

Навнодно тие, сакале да направат сопствен играорен перформанс. Знамето беше отстрането, а СВР Охрид веднаш излегла на терен.

„Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата играорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите. Истакнувањето на албанското национално знаме на Самоиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ. За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес“, велат од Алијансата.

Алијансата за Албанците смета дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба.

Инаку по Самоиловата тврдина, албанското знаме се развиори и на шеталиштето во Охрид, кога човек облечен во екстремистичка албанска униформа прошета низ Охрид за да им демонстрира на охриѓани дека всушност Охрид е албански град.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести