Жените ги тепаше со саксии, а мажите со туркање, фаќање за врат, тупаници....Паузите за јадење беа како концетрационен логор, ако не му беше по негова воља, грабаше било кој работник и му го фрлаше лебот во кал

Објавил: Македонка Димкин | 13 мај, 2019 12:43

ВТОР ДЕЛ: ВИСТИНАТА ЗА УБИСТВОТО НА ХОЛАНДСКИОТ ГАЗДА ВО СЕЛО ПРЕЉУБИШТЕ ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Откако Магазин објави дел од вистината за потресното убиство врз холандскиот „газда„ кој се изживувал врз вработените, до нашата редакција пристигна едно писмо од еден анионимен извор, со повеќе детаљи од каде што лесно може да се заклучи кој бил всушност „газдата„ од Холандија и колкава била неговата моќ над македонскиот граѓанин. 

Бидејќи сте единствениот меидиум кој деновиве објави текст за вистината за убиството на холандскииот „газда„, а следејќи го принцпот на граѓанска должност и во име на вистината сакам да споделам со Вас неколку факти и на самиот почеток веднаш потенцирам  дека не подржувам ОДЗЕМАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ:

Кој е Стојадин Ристески , човекот кој со камен го уби холандскиот газда?

Стојадин е четириест и девет годишен човек, кого животот не го поштедил на ниеден начин. Израсна како сирак а пред 27 години се ожени со Славица Ристеска од село Јанчиште и живееше како домазет бидејки не поседуваше никаков имот. Пред една деценија неговата сопруга се разболе од една ретка Слонова болест, која ја врза за постела и ни една здравствена институција не ја прими со образложение дека за болеста нема лек.

*Пред околу две години во Скопје, Јоз прегази деовојче. Истото почина од повредите, но Јоз платил човек за да ја одлежи казната за неговот дело.

Поради силните болки и ментално се разболе а за неа се грижат нејзините 80 годишни родители. Стојадин цел живот работеше тешки физички работи за да го прехрани семејството. Две -три години работеше на имотот на Холанѓанецот како и сите други од рани зори па до мрак. Нема ниедна животна дамка, тој е едноставно мирен и повлечен човек кој даваше се од себе да го сочува семејството.

Кој беше Јоз М?

Психички растроена личност со силни апетити за рабовладетелство. Пред многу години, незнам на кој начин, од АД Борец го зеде имотот во Прељубиште. Паралелно со тоа, се затвори Југохром и луѓето, во борба за преживување, деноноќно, по суво и по дожд, незаситени аргатуваа по неговите ниви. едни доаѓаа и си заминуваа неможејќи да ја поднесат неговата ароганција. Доаѓаа други…..жените ги тепаше со саксии, а мажите со туркање, фаќање за врат, тупаници….Паузите за јадење беа како концетрационен логор, ако не му беше по негова вољја, грабаше било кој работник и му го фрлаше лебот во кал. Неговиот имот од дена на ден се зголемуваше, завземаше се што е државно и општинско во околината. Ако пак случајно со возило се сретнеше со Јоз по  тесен пат, мораше да му го ослбодиш патот за да не влезиш во бељја.

*Пред околу две години во Скопје, Јоз прегази деовојче. Истото почина од повредите, но Јоз платил човек за да ја одлежи казната за неговот дело. Работниците беа преворени во робови, а тој во робовладетел. Мнгупати некои со повеќе храброст, откако напуштаа анонимно го пријавуваа во инспекторатот за труд. Никаква инспекција не се огласи да дојде да ја утврди фактичката состојба.

Дали, доколку инпекторатот беше агилен немаше да дојде до оваа трагедија. Највероватно Јоз ќе беше жив а Стојадин слободен човек.


*Магазин се оградува од содржината на текстот. Изворот е познат на редакцијата но ќе биде заштитен како анонимен според новинарскит кодекс. Во исто време благодарни сме што споделувате информации и ја следите вашата грашанска должност бидејќи Македонската јавност има право да знае што се се случува и што се мора да трпи македонскиот работник за да преживее. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Хроника

Мира живееше во Русија со статус на политички бегалец веќе долг период. Во 2005 година Србија распиша потерница по неа, со што веднаш штом би дошла во Србија, би била уапсена.

Денес ненадејно почина Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ

Мира живееше во Русија со статус на политички бегалец веќе долг период. Во 2005 година...