Дали ова ќе се одрази врз слободата на новинарството

Објавил: Узунов Бобан | 28 март, 2019 14:26

Кој сака да ја стави под контрола Телевизија Сител ? Латас поради притисок го напушта уредничкото место во Сител.

Фото/Текст извор: ©магазин

Драган Павловиќ Латас поднесе оставка од функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител. Во оставката, која ја објави Вечер 

Против Драган Павловиќ Латас се води кривичен предмет Труст кој го застапува Специјалното Јавно обвинителство поради даночно затајување. Латас иако објавува дека го напушта уредничкото место од Сител под притисок, не кажува од кого е притисокот и дали целта е да се превземе телвизијата и да се смени програмата во нечија корист. Симптоматично е што сето ова се случува во очи на претседателските избори

,,Оставката ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам.

На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет, што е најдолаг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во било која категорија, од основањето на државата до денес. 

Драган Павловиќ Латас (р. 25 февруари 1960 во Скопје) — македонски новинар со српско потекло. Тој е главен и одговорен уредник на телевизија Сител од 1997 година и на дневниот весник „Вечер“ во периодот 2006–2012. Латас е член на Македонската асоцијација на новинари (МАН) и бил нејзин генерален секретар во два мандати (2002–2007 и 2011–сѐ уште).
Кариерата ја започнал во „Млад борец“ (1980–1984), а бил и соработник на белградскиот младински весник „Младост“. Работел во неделникот „Фокус“ извесен период по неговото основање во 1995. Завршил економски науки на универзитетот во Белград, а има дипломирано и политички науки на универзитетот ФОН во Скопје во 2005. Магистрирал и докторирал на Европскиот универзитет во Скопје, каде работи како професор од 2012 г.
Павловиќ бил осомничен за соработка со српските тајни служби за време на југословенските војни. Весникот „Време“ објавил документи од ДБК кои посочуваат дека Латас го организирал палењето на американската амбасада во Скопје во 1999 година по налог на УДБА. Весникот го посочува Павловиќ како доушник на Слободан Милошевиќ, кој наредбата ја добил на 13 март 1999, а палењето се случило десет дена подоцна. „Време“ го обвинува Павловиќ и дека го шпионирал раководството на ВМРО-ДПМНЕ, во време кога на чело на партијата бил Љубчо Георгиевски. (извор Википедија)

За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди.

За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.

Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.

ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива.

Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител.

На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект. Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка како и до сега, се вели во оставката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести