Заев дојде на власт само за да граба долж и попрекум, уште една фирма за канабис!

Објавил: Македонка Димкин | 22 март, 2019 23:20

Адвокатот на Зоран Заев со нова фирма за „Канабис„ влегува во најлукративниот бизнис во Македониија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Семејниот картел на премиерот Зоран Заев добива уште една компанија за производство на марихуана  . Неделава, била формирана нова компанија, со назив „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев 

Личниот адвокат на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев е сопственик на горе-наведената компанија, тој  е  во исто време и член на управниот одбор на адвокатската комора на Македонија открива Економски Лидер.

Покрај Андреев, во сопствеништвото на компанијата се јавуваат и компанијата „Летерс ДОО – Ресен“, Зоран Јанев, Крис Алмн од САД, Славчо Васков – Пинда, како и Сара Еленова од Кавадарци. Според тврдењата на извор на Лидер кој е дел од блиското опкружување на семејството на премиерот, името на Андреев е тука само за да се скрие дека позади фирмата стои токму семејството на премиерот.

Случајот Поткуп каде што првообвинет е Зоран Заев, кого цела јавност го виде дека од позиција на градоначалник бара едно евро за себе и едно евро за црквата, чека правна разрешница цели пет години. Обвинението е поднесено уште во 2013 година. Дека имаме „зависно судсвто„ говори и фактот што кривичниот суд на 21 мај 2018 година донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев за кривичното дело примање поткуп. Судијата Дарко Тодоровски од Основниот суд Скопје го ослободи Заев од обвинение, иако беа нбавени пм мерки со видео и аудио запис, каде се гледаше дека Заев бара поткуп. Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека обвинителството не успеало да докаже дека Заев додека бил градоначалник на Струмица сторил кривично дело примање поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. Собранието на Република Македонија само една недела по озлободувањето на Заев на 31 мај 2017 со 62 гласа „за“ 44 „против“ и 5 „воздржан“ ја изгласало владата на Заев.

Во Македонија до сега имаше вкупно седум лиценци за одгледување на канабис одкои  Заеви се сопственици на две  и тоа  преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на Трајче Заев а во управните структури е и Вице Заев, кој на јавнсота и постана позната со аферата од самиот Заев, едно евро за Црквата едно евро за Вицето и преку Фарма Медика канабис

„Канабис ОНЕ Доо Струмица“ е втора компанија која се поврзува со нив, што значи, Заеви контролираат две од осумте компании лиценцирани компании за одгледување на марихуана и контролираат 25% од вкупно сите компании во земјата кои се бават со оваа дејност.


Одгледувањето канабис за медицински цели брзо се шири и пазарот за канабис експоненцијално расте, па се очекува да се зголеми трипати во обем во наредните три години. Добивајќи барања од инвеститори од дијаспората заинтересирани за инвестирање во овој сектор во Македонија, бидејќи е единствената земја во регионот која го легализираше одгледувањето на канабис и производството на екстракти од коноп за медицински цели 


Компаниите кои во моментов работат во индустријата за канабис во Македонија се:

Реплек Фарм ДООЕЛ, Скопје (мај, 2016); Прв производител на масло од канабис во Македонија со 400.000 евра инвестиции;

NYSK Holding, Скопје (декември, 2016); NYSK има засадено канабис на 1.000 квадратни метри, каде растенијата се одгледуваат во затворени простории. Единствената компанија со капацитет за екстракција на масло од канабис и веќе произведува масло за готов производ на големо. Целата инвестиција, според проценките на Кешковски, се очекува да изнесува околу 5,5 милиони американски долари;

Процедури за добивање лиценцаПостапка за добивање дозвола за одгледување на канабис: Правното лице заинтересирано за одгледување на канабис подготвува елаборат и го доставува до МЗ. МЗ потоа формира Специјална комисија (комисија) составена од претставници од МЗ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Во рок од 7 до 10 дена по приемот на елаборатот, Комисијата врши теренска инспекција и изготвува Извештај за мислење (позитивен или негативен) кој потоа се доставува до Владата на Република Македонија. Доколку Извештајот за мислење е позитивен, Владата издава согласност и го доставува до МЗ. МЗ потоа дава дозвола за одгледување на канабис. Пред започнување со одгледување канабис, правното лице поднесува барање за сеење/садење на канабис до МЗШВ, кое дава дозвола за сеење/садење (во зависност од тоа дали семето се сее или садниците се садат).

МАМ, Свети Николе (април, 2017); МАМ има засадено канабис на 20.000 квадратни метри во оранжериите. Вкупната инвестиција се очекува да надмине 10 милиони евра, а во моментов има 30 вработени од Свети Николе. Трајче Заев, сопственик на МАМ, рече дека се во тек преговорите со странските инвеститори за отворање капацитет за екстракција на масло;

Оаза Алкалоиди, Штип (август, 2017); Сопственик: Славе Ивановски;

Каба Хербал, Скопје (август, 2017);

5 Letters, Ресен (септември, 2017); 5.200 квадратни метри објекти за одгледување канабис во затворени простории;

Мedical 420, Битола (декември, 2017);

Фарма Медика канабис, Валандово (мај, 2018); Ко-основачи: Катерина Бојовиќ Заева и Бобан Заев. Бобан Заев има големи планови за инвестиција, која наводно ќе отвори 500 нови позиции;

F&М, Врапчиште, Гостивар (јули, 2018)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.