Петронијевич ја оцени пресудата како чисто политичка одлука, а најмалку правна

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2019 17:53

Адвокатот на Караџиќ: Денешната пресуда беше чисто политичка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Горан Петронијевич, адвокатот на Радован Караџиќ ги пренесе првите зборови на поранешниот претседател на Република Српска по денешната пресуда со која е осуден на доживотна казна затвор.

-Ова нема врска со правото, ова е нивна правда рекол Караџиќ.

Неговиот адвокат ја оцени пресудата како чисто политичка одлука, а најмалку правна.

Радован Караџиќ, денеска од меѓународниот суд во Хаг, доби доживотна казна затвор

Петронијевич за N1 изјави дека пресудата е донесена под притисок, додавајќи дека вакви пресуди за доживотна казна секогаш се донесуваат под притисок. Адвокатот на Караџиќ вели дека прсудата ја донел американскиот судија Теодор Мерон уште пред во ноември минатата година да го замени португалскиот судија Иво Роса, кој одлучил да влезе во процесот за само три месеци.

“Самото тоа што Роса прифати за три месеци да влезе во овој предмет и да прегледа сто илјади страници и докази, за што дури и на најискусниот судија му се потребни најмалку година дена говори за пресудата. Во овој случај не беше Роса, туку Мерон“, изјави Петронијевич.

Тој денешната пресуда ја оценува како нелогична, и вели дека многу невистини и незнаење довеле до ваквата пресуда. 

“Хашкиот трибунал на некој начин, срамно ја заврши својата улога”, оцени Петронијевич.

Тој додаде дека оваа пресуда не е конечна и вели дека конечна ќе биде тогаш кога ќе се одлуи по нивната жалба која ја припремаат.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.