Можности за воспоставување соработка помеѓу театарските установи од двете земји

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 16:44

Адеми се сретна со директорот на Националниот театар на Шведска

Фото/Текст извор: ©makfaks.mk

Министерот за култура, Асаф Адеми, денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со директорот на Riksteatern, Националниот театар на Шведска, скопјанецот Дритеро Касапи.

На средбата двајцата соговорници разговараа околу можностите за воспоставување соработка помеѓу театарските установи од нашата земја, со Националниот театар на Шведска, која е една од најреномираните театарски куќи во Кралството Шведска. На состанокот стана збор и за можноста за создавање копродукциски проекти кои во иднина би се прикажувале пред публиката во двете земји.

Дритеро Касапи, кој потекнува од Скопје, своето образование го стекнал на Факултетот за драмски уметности во Македонија. Касапи има 20 години искуство како режисер во Шведска и Европа со неколку водечки позиции, како менаџер и уметнички директор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.