Дали Катица била злоупотребена

Објавил: Узунов Бобан | 18 јули, 2019 9:31

Ако Катица Јанева била злоупотребена како што вели Заев, зошто до ден денес не пријавила дека е жртва на осомничените ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев на вчерашната прес конфернеција изјави дека дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред да ѝ се одземе телефонот и дека обвинителството треба да утврди дали била злоупотребена од двајцата осомничени. 


Прво, ако Катица Јанева била злоупотребена од двајцата осомничени кои во нејзино име го рекетирале бизнисменот Орце Камчев зошто тоа не го пријавила кај надлежните органи, дотолку повеќе што и самата е јавен обвинител и ја познава кривичната постапка.

Катица Јанева не може да тврди дека не знаела или не можела да знае дека било злоупотребено нејзиното име при рекетирањето, кога веќе се знае дека бизнисменот Азманов уште во јануари 2019 година Бојан Јовановски и 1ТВ бараат рекет од 50.000 евра или стан. Неколку месеци подоцна новинарот Бранко Героски започна да објавува серијал со колумни каде објави дека одредени лица рекетирале бизнисмени и градоначалници со бомби кои произлегувале од СЈО, што би требало директно да ги вклучи алармот кај Катица Јанева и целото СЈО. 

Дури и самиот Бојан Јовановски на 28 јуни 2019 година во интервју на неговата 1тв лично ја прозива Катица Јанева:

Поврзувањето е дека со Катица и Лазар сме злоупотребувале клиенти за телевизија. Доколку сме тргнале тоа да го правиме сме требале до сега да направиме партал. Јас испаднав најсериозен фактор во државата. Колку што сум бил лице за потсмев одеднаш почнав да им сметам на големите и бараат причина да ме дискредитираат до мера некој да не сака да работи во оваа телевизија.“

Дали ова не требало да биде доволен повик за Катица Јанева доколку се чувствувала како жртва да го пријави делото ? 

И на крај, Катица Јанева до ден денеска не пријавила дека е жртва на кривично дело и дека била злоупотребена при вршењето на кривичното дело за кое се товарат Јовановски и Милески.  


Второ, јавноста го поставува прашањето дали со изјавата дека постои можност Катица Јанева да била злоупотребена од двајцата осомничени премиерот Заев има повеќе информации отколку тие што беа пренесени во јавноста и дали се создава простор за нејзино изземање од кривично гонење ? Овие сомневања се зголемија откако се појави информација дека додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија и на висок претставник на македонските власти преку кои успеала да го избегне апсењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.