Албанија ги прекинува сите односи со Србија!

Објавил: Македонка Димкин | 23 јуни, 2023 10:05

Албанија со ултиматум до Србија?

Фото/Текст извор: ©Магазин

Албанскиот премиер Еди Рама на попладневната прес конференција главно посветена на состојбата на Косово, рече дека „Албанија не е и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово” и дека Албанија ги прекинува сите односи со Србија, сѐ додека не се ослободат косовските полицајци.

Додаде дека нема личен проблем со косовскиот премиер Албин Курти, но по последните коментари кога го отфрли нацртот за формирање на ЗСО предложена од него, со аргумент „нека му го претстави на Белград за Прешевската Долина”, работите меѓу земјите веќе не се како што треба.

Според Рама, доколку Албанија се смета за „големиот брат“ на Косово, нејзината обврска е да ги каже работите отворено онакви какви што се. А вистината, според Рама, е дека работите за Косово во неговите меѓународни односи се многу лоши.

– За мене е многу јасно што се случи. Албин не сакаше директно соочување на оваа тема бидејќи Албин чита анкети и е задоволен што неговите поени растат. Меѓутоа, Албанија не е нотар и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово. Уште повеќе кога Албанија ја сметаат за „голем брат“ на Косово, како што велат, не јас, затоа што никогаш не сум рекол такво нешто. Наша должност е да ја кажеме вистината и да стоиме на своето. Албанија е посебна земја која има свои интереси, изјави Рама.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.