Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.

Објавил: Македонка Димкин | 29 мај, 2023 9:58

Албанците непожелни во Велика Британија?

Фото/Текст извор: ©МКД

Британија почнува кампања со која се молат државјаните на Албанија да не мигрираат во оваа земја

Лондон почнува кампања во која апелираат до албанските граѓани да не мигрираат во Британија Министерството за внатрешни работи на Велика Британија во наредните денови ќе почне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.

За таа цел е направен оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во него Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција ќе се соочат со притвор или депортација. , објави Би-Би-Си.

Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со чамци.

Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.

Според британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу националности патуваат низ бројни земји за да стигнат до Британија, а потоа кога ќе пристигнат поднесуваат барања за азил на лажни основи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.