Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прес-конференцијата објави дека ќе се обидат да соработуваат со која било партија, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ и со ромски или со турски партии.

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 4:03

Таравари најави соработка со повеќе партии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изборот на кандидати за локалните избори во октомври во коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе започне на 15 јуни, додека на 15 август ќе бидат објавени кандидатите за сите општини каде ќе се натпреварува оваа коалиција.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прес-конференцијата објави дека ќе се обидат да соработуваат со која било партија, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ и со ромски или со турски партии.

Алијансата за Албанците заедно со Алтернативата ќе има соработка со повеќе партии. И македонски и албански, турски, ромски. Со сите партии кои имаат кредибилитет во општините каде што се натпреваруваме, рече Таравари.

Актуелниот градоначалник на општина Бутел повторно ќе се кандидира за градоначалник на општината.

Денес ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на општина Бутел. Благодарност до сите членови на СДСМ Бутел за поддршката што ми ја дадовте да бидам единствен предложен кандидат на СДСМ Бутел за градоначалник на Општина Бутел“, напиша Смилевски на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.