Две пратенички на ВМРО - ДПМНЕ и една од Социјалистичка партија, на директна линија со координаторот на СДСМ, Тунтев и лично Заев за поддршка на уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 15:51

Александрова, Исмајлоска – Старова и Авировиќ, би гласале “за”?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од извори од Собранието на Македонија, ексклузивно дознаваме дека иако Собраниската седница за устацните измени требаше одамна да почне, сеуште траат преговорите помеѓу СДСМ и дел од пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

Имено како брифираат од собраниски избори, пратеничките, Емилија Александрова, инаку братучетка на Сашо Мијалков, Нола Исмајлоска Старова од ВМРО – ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија се во Собрание, на втори спрат во една канцеларија, без телефони, на линија со Томислав Тунтев координаторот на пратеничката група на СДСМ и лично премиерот Зоран Заев.

Извесно е дека се преговара за нивна поддршка со гласање “за” уставните измени.

На пратеничката Владанка Авировиќ и е ветено ослободување на синот преку Апелација. Тој беше осуден во случај за Сеат Кочан, од Основен Суд 1. 

По прозивката дека можно е да поддржи уставни измени, пратеничката Нола Исмајлоска Старова ги избриша сите профили на социјалните мрежи без да даде демант. 

Се шпекулира дека на Александрова и Исмајлоска Старова им се нудат шестоцифрени суми на пари во евра и “згрижување” на нивните најблиски на високи позиции во државни компании.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.