Медицинскиот персонал во Дебар позитивен на корона вирусот.

Објавил: admin@magazin | 17 март, 2020 17:41

АМБУЛАНТАТА ВО ДЕБАР ПОД КАРАНТИН: Персоналот ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА ВИРУСОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доктор Арбен Аголи од Дебар на социјалните мрежи објави дека персоналот е заразен со коронавирус и дека затоа амбулантата ќе биде две недели под карантин.

Три нови позитивни случаи со коронавирус. Се работи за двајца сопружници од Скопје кои се вратиле од Бугарија и еден скопјанец кој имал гости од Србија.

-До денеска до 12 часот вкупно во земјава има регистрирано 26 заболени пациенти, рече на денешната прес конференција министерот Филипче.

Околу 200 луѓе кои синоќа беа заглавени на унгарско -српската граница се на пат за Македонија со организиран превоз и се очекуваат преку граничниот премин Деве Баир.

Тие работеле во ризичните региони во Италија и дел во Австрија. Сите ќе бидат сместени во касарната во Пепелиште во групна изолација, соопшти министерот Венко Филипче.

„Тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, каде ќе имаат лекарски тим, ќе им биде направена проверка, ќе биде обезбедена храна и се што е потребно, изјави министерот Филипче на денешната прес конференција.

Очекувано е да бројот на заболени се зголемува. Затоа е најважно да се спречи локалната трасмисија за да застанеме на патот на ширењето. Министерот за Здравство  Венко Филипче упати апел до граѓаните:

„Не се собирајте, останете дома, ограничете го движењето, не контактирајте со луѓето, држете дистанца, одржувајте лична хигиена миење на рацете 20 до 30 секунди. Сериозно да пристапиме, ова не е шега,

Единствен начин е да се однесуваме одговорно. Мерките ќе ги заоструваме. Нека седат дома децата, хроничните болни. Мора да го заштитиме нашиот здравствен систем заразата се шири и таму, важно е да немаме остар пик. Подготвени сме со опрема кадар. Сакаме да ги заштитиме и здравствените работници, тие се столбот на овој здравствениот систем тие се главните даватели на услуги“, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...