Сервер своевремено искажа јасна поддршка на Сеалбанската платформа но и Законот за употреба на јазиците

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 9:26

Американскиот професор и аналитичар Даниел Сервер повторно “одработува” за владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Анализите на Сервер доаѓаат во моменти кога сите албански политичари во Македонија и регионот даваат изјави дека ако не се гласа со “за” на Референдумот за промена на името тогаш Македонија ќе се соочи со немири кои ќе произлезат од косовското прашање.

Сервер анализира дека наводно Тачи е отворен да направи замена на некои или на сите северни општини со српско мнозинство во Косово за териториите со албанско мнозинство во јужниот дел на Србија.

Тој додава дека пред да се направи замената на териториите – ќе треба да има заеднички дипломатски договор.

“Со оваа идеја се калкулира многу изминативе недели – но забелешките на Тачи се првиот јасен сигнал за албанската страна во оваа ситуација. Ова нема да се случи без посредништво на САД и Европа. Брисел и Вашингтон наводно одлучиле дека интегрирањето на северните српски општини во останатиот дел на Косово е премногу комплицирано.” – вели Сервер.

Според него корекцијата на границите е лоша идеја од повеќе причини.

“На пример мнозинството Срби во Косово – како и повеќето важни српски манастири не се во северниот дел и замената би ја зголемила поддршката за тие Албанци во Косово кои фаворизираат унија со Албанците но и за тие што се во Македонија – кои би сакале да се приклучат кон таканаречена поголема Албанија – што потенцијално ќе доведат до дестабилизација на Македонија.” – истакнува Сервер.

Сервер вели дека Русите ќе гледаат на оваа промена на границите како на преседан – што тие би сакале да го направат со Јужна Осетија и Абхазија во Грузија – Транснистрија во Молдова и Донбас како и Крим во Украина – нагласувајќи дека се надева оти ваков договор е лоша идеја и ќе се покаже како тежок за исполнување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.