Со стабилноста која ја добиваме со членството во НАТО, очекуваме зголемен интерес од странските инвеститори, особено оние кои доаѓаат од Германија – нагласи Анѓушев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 февруари, 2019 15:53

Анѓушев : “Македонија наскоро ќе биде преплавена од странски инвестиции”

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Во Берлин се одржа и состанок на Мешовитиот управувачки комитет на Владите на двете земји, со вицепремиерот Анѓушев и Хелге Толксдорф, раководител на Оддел за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција.

Вицепремиерот Анѓушев денеска нагласи дека СР Германија покажа дека е голем пријател на Македонија, која што досега многу помогна на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, а исто така рече дека поддршката од Германија допрва ќе дојде.

Анѓушев изјави дека СР Германија е прв трговски партнер на нашата земја со 3,64 милијарди евра обем и 15 отсто раст на размената во 2018, во однос на 2017 година. Тој се надоврза на денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО, и рече дека се реализира една стратешка цел на нашата земја, се обезбедува стабилност и подобра бизнис клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции.

Вицепремиерот Анѓушев, на состанокот, ја изнесе подготвеноста и одлучноста на Владата, со ставање во целосна функција на сите капацитети во земјата да се завршат реформските процеси во земјата, сите предизвици и проблеми со кои се соочува земјата да бидат надминати во најбрз можен рок.

-Благодарни сме на поддршката од Владата на СР Германија во реализацијата на евро-атлантските интеграции на нашата земја. Денес се остварува децениската стратешка цел за пристапување кон НАТО, со што се обезбедува еден од фундаменталните услови за побрз и поинтензивен развој, особено на економијата. Со стабилноста која ја добиваме со членството во НАТО, очекуваме зголемен интерес од странските инвеститори, особено оние кои доаѓаат од Германија – рече Анѓушев.

– По завршување на политичките процеси, важно е да обезбедиме подобар живот за граѓаните, а тоа ќе го постигнеме преку добра и реална економија. Нема подобро место во светот од каде што може да се научи повеќе за економијата и индустријата од Германија и затоа го формиравме Мешовитиот управувачки комитет помеѓу македонската и германската Влада – рече Анѓушев.

Во Берлин се одржа и оперативен состанок на Мешовитиот управувачки комитет на Владите на двете земји, со вицепремиерот Анѓушев и Хелге Толксдорф, раководител на Оддел за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција.

-Дискутиравме за идните чекори за продлабочување на нашите економски односи со Македонија. Досега имаме нов рекорд во трговската размена што изнесува над четири милијарди долари, минатата година, со реални изгледи трговската размена да продолжи да расте. Меѓусебната соработка ќе се концентрираме да ја продлабочиме во повеќе сектори, со особен фокус во полето на дуалното образование, за создавање на пристојни работни места за младите луѓе во вашата земја, со рализација на инвестиции од германски компании – изјави Толксдорф.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести