При податоци дека во Тетово 38 отсто од смртните случаи се предизвикани од загадениот воздух, Теута Арифи дозволи затворање на средношколците да не протестираат

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 11:23

Арифи затвара средношколци да не протестираат за чист воздух

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Тетовските средношколци денес на протести со едноставно барање, сакаат да дишат чист воздух, општинската управа со молк за вчерашниот инцидент.

Вчера средношколците во Тетово беа затварани по школите да не излегуваат на протести.

Ингеренциите на основното и средното образование ги има директно локалната самоуправа, па индикативно е зошто сеуште никој не ја запрашал градоначалничката Теута Арифи како го дозволила инцидентот.

Воедно на обвинувања не се огласуваат ни од министерството за образование и наука ни од државниот просветен инспекторат. На сите раководни функции се исти партиски карди од ДУИ.

Денес Тетово протестира за чист воздух. Средношколците и покрај затворени врати и притисоците во тетовските училишта излегоа на протест.

Утринава во 8 часот пред општината Тетово протестираа средношколците поради енормната загаденост на градот и непревземањето на никакви мерки од страна на надлежните институции.

Средношколците се собраа на протест на плоштадот во знак на револт поради долготрајното загадување на воздухот и зголемената смртност, а потоа маршираа се до зградата на општината.

Тие наведуваат дека одлучиле да протестираат поради показателите од научно истражување дека во Тетово 38 проценти од смртните случаи се поради загаден воздух, додека низ Македонија просек е 22 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести