Законот предвидува вистинско национално помирување за сите кои учествувале во настаните од 27 април, а не селективно помирување како што сакаат да направат премиерот Заев и парламентарното мнозинство.

Објавил: Едмонд Бекири | 26 ноември, 2018 13:12

Ароганцијата на Зоран Заев зема се поголем замав, одбиен законот за амнестија од ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©Пресслужба на Собрание на РМ / Магазин

Како што се очекуваше, предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за настаните од 27 април 2017 година, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не го доби потребното мнозинство да биде ставен на дневен ред на 66. пленарна собраниска седница. Наспроти тоа Заев и актуелната Влада по секоја цена сакаат да го турнат законот за Амнестија кој ќе има уценувачки карактер.

Пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна  дека со овој предлог закон се опфатени сите лица за кои веќе има донесено првостепена судска одлука, но сè уште ја немаат добиено одлуката од судот, потоа лицата кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок на РМ како и лицата кои се опфатени со обвиненија за учество во толпа и слично.

 Законот предвидува вистинско национално помирување за сите кои учествувале во настаните од 27 април, а не селективно помирување како што сакаат да направат премиерот Заев и парламентарното мнозинство преку т.н Комисија за помирување… Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски не се и не можат во никој случај да бидат терористи, ниту вработените во МВР… Целта на законот е национално помирување и враќање на нормалните теркови во државата. Ги повикуваме сите пратеници од парламентарното мнозинство да дадат поддршка за законот за амнестија, конечно да завршат поделбите во македонското општество и да ја вратиме државата во нормална насока и да се концетрираме на вистинските проблеми кои ги мачат граѓаните, рече Стаменковска.

Сака ли Владата на Зоран Заев сака законите за придонеси од социјалното осигурување , законот за јавни набавки како и законот на личен доход да ги протне на мала врата

Полицајците Сашо Тасевски, Ацо Ангеловски и Љупчо Јаневиќ добија признанија од МВР на Денот на македонската полиција што беше организирано на стадионот во Штип.
Тројцата полицајци на 27 април како дел од обезбедувањето ги бранеа премиерот Зоран Заев, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и останатите пратеници од парламентарното мнозинство при упадот на толпата во Собранието на РМ.

Не беше прифатен ниту предлогот на Никола Мицевски новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за повлекување на Законот за данокот на личен доход и Законот за придонеси од заедничко социјално осигурување, по скратена постапка.

Тој рече дека иако ветила транспарентна и отворена постапка Владата сака овие закони да ги протне на мала врата.
Меѓу другите точки на оваа седница се и изменетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање,

Предлог законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...