Владиниот портпарол за миг беше министер за правда и професор по уставно право па на новинарите им објасни дека два пати повторено АСНОМ во Преамбулата е голем чин

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 13:27

АСНОМ е собир, одлуките и решенијата се правен акт а не кратенката

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски денес го толкуваше и Уставот и уставните амандмани но и АСНОМ и направи почетничка грешка во полето во кое очигледно нема познавање.

Имено Бошњаковски на прашање од колегите за тоа зошто од Преамбулата се брише АСНОМ изјави:

АСНОМ останува во Преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите сите донесени одлуки. – рече денеска на прес конференција владиниот портпарол Бошњаковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат напаравени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

Процесот е во Собрание, денеска е расправата во Уставната комисија. Ве упатувам да го следите тој пороцес. – истакна Бошњаковски.

Тој уште еднаш потенцира дека по ниеден основ нема да се чепка државната химна, нуту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.

Притоа Бошњаковски мора да знае дека АСНОМ е кратенка од собир, Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и како назив и кратенка, бил тој спомнат еднаш или пет пати нема никакво правно значење во државотворниот континуитет на македонскиот народ но и формирањето на Македонската држава ако не се именуваат одлуките и решенијата.

Одлуките и решенијата како и Манифестот на АСНОМ се правни документи, вкупно на број девет и нив ќе ги нема во Преамбулата затоа што во неа ќе се цитира само Прогласот на АСНОМ што во правен смисол нема правна тежина затоа што е објава или најава за собир.

Имено премирот тоа го потврди:

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, односно одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата.

Делот на АСНОМ се однесува на замена на одлуките со Прогласот на АСНОМ, заради тоа што, ако остане вака, тоа би предизвикало одредени проблеми во одредени можни идни времиња на соработката меѓу Македонија и Грција. Тоа е така затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат „Македонци од Грција и Бугарија обединете се“. Прогласот го нема тој дел, туку во него се зборува за единството во државата, демократијата, државотворноста, слободата, човековите права и слично и тоа е фер пристап за градење пријателство. Впрочем, Договорот или Спогодбата со Грција е воспоставување на трајно пријателство со нашиот јужен сосед . – појасни Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести