Ахмети во Швајцарија замина во почетокот на 80-тите како политички азилант, знаеме како се врати, но дали е вистина дека Македонија 18 години му исплаќа инвалидска пензија

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 10:35

Ахмети со дијагноза “шизофренија” 20 години ја крои иднината на Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, правно ако се потврдат медицинските наоди кои ги констарирале психијатри од Швајцарија, потпишува документи врз кои се гради иднината на државата а во суштина потписот не му вреди ни пет пари.

Имено дилемата која сите ја премолчуваат како ДУИ беше оној идеален, што потребен, што наметнат коалиционен партнер за формирање извршна власт е дали Али Ахмети сеуште ја има медицинската белешка за проценка на менталната состојба на ниво на дијагностицирана шизофренија?

И тоа не е нешто што не треба да е јавно. Прашањето е до каде е со лекувањето?

Притоа шизофренија е прилично широк поим на ментално заболување но дефинитвно во сите свои аспекти е медицинска проценка и оценка  дека лицето кое го има како дијагноза не е во целост способно разумно да функционира самостојно.

Ахмети никогаш не приложил за кој степен на дијагностицирана шизофренија има документација но и дали за заболувањето конзумира соодветни лекарства и кога последно бил на лекарски преглед и проценка на моменталниот степен во развојот или подобрувањето на состојбата.

Иако во медицинската забелешка стои и забрана за труд т.е. работа поради дијагностицираното заболување ред е како политички лидер на партија да појасни за каков вид работоспособност важи забраната?

Можеби е за градежна.

Она што е исто така симптоматично и сеуште се води за табу тема е што Али Ахмети има забрана за влез во САД но и Швајцарија и уште шест земји членки на ЕУ каде е на црната листа на непожелни лица по ставката “закана за општата безбедност”.

Кои се шесте земји на ЕУ каде Ахмети има забрана за влез, како Швајцарија е сосема извесно дека е изолиран случај затоа што никогаш не ни била дел од ЕУ семејството?

Зошто двоен аршин? Како Ахмети се води за persona non grata кај оние држави во чии резиденции во Скопје е чест гостин, но и чии амбасадори се чести гости во седиштето на ДУИ во Мала Речица?

Како што се заведува посетата на Ахмети на амбасадата на САД, на скопско Кале? И тоа е територија на Соединетите Американски Држави.

Иако политичкиот двоен аршин е најмалиот проблем ако Ахмети “шизофренијата” не ја “обезбедил” за други цели.

Во основа човек кому е дијагностицирана шизофренија прво не одговара правно еднакво пред органите на прогонот, има специјален третман за кој се повикува на степенот на заболување, но со самото тоа и неговите дејствија и активности имаат реципроцитетно посебен третман, па потпис, изјава или друг правен акт од вакво лице со ваква дијагноза нема правна тежина пред правните ограни при што се бара присуство и на лице – сведок секако доколку степенот на заболување воопшто кореспондира со доза на свесност за расудување.

Ако Ахмети ја крие својата психичка здравствена состојба отворено се поставуваат прашањата, како овој човек е потписник на политички договори?

Како е правен застапник на политичка партија, но и зошто се чека 16 години некој да праша дали политичарите кои не водат имаат и чист – уреден здравствен наод кога медицинските прегледи се задолжителни за сите работни места во државата, освен за политиката.

Ахмети во Швајцарија замина кон почетокот на 80-тите години како и добар дел од албаските т.н. радикални интелектуалци кои своите дипломи си ги купија од Приштинскиот универзитет од каде делуваа на Балканот а во земјата се водеа како политички азиланти.

Причина зошто Ахмети си молчи за политичкиот азил за политички прогон на Груевски.

Сепак прашањето на кое 20 години нема одговор е дали т.н. инвалидска пензија која на Ахмети му ја исплаќаше федерацијата Швајцарија е вистина дека од 2002 година, откако е протеран, му ја исплаќа Република Македонија?

Ахмети за терористичко делување против уставниот поредок одлежал две години затвор, по што 20 години, и како терорист и како политичар да му биде дозволено да го прекројува уставот на Македонија?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.