И поранешната министерка на Грција, Дора Бакојани, смета дека се позивесно е под политичкиот притисок дека референдумот ќе успее а Грција ќе го ратификува Договорот

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 8:17

Бакојани: Референдумот ќе помине

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во овој момент најверојатно сценарио е дека референдумот ќе помине, така се чини, но не сум жител на ПЈРМ за да знам, вели поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани.

Бакојани, истакна дека „Договорот од Преспа веќе произведува резултати“, а коментирајќи ги последните изјави на Панос Каменос, рече дека „сериозноста и Каменос се два збора кои тешко одат заедно“.

Каменос не ја искористи единствената шанса што му беше дадена кога Неа Демократиа достави предлог за гласање недоверба на владата за скопското прашање, кога во парламентот детално беше анализиран резултатот на потписот што ќе го стави Коѕијас за време на процесот во Преспа. Тоа го кажавме јасно и гласно.

Реалноста е дека господинот Каменос се скри зад неговата позната реторика, ја одбрани владата и му го даде пенкалото на господинот Коѕијас за да го потпише Договорот од Преспа. А договорот од Преспа веќе произведува правни резултати, не постои сомнеж за тоа. – рече Бакојани.

До скоро Бакојани стоеше цврсто на ставот дека премиерот Ципрас нема да успее да обезбеди потребно мнозинство гласови во парламентот за ратификување на Договорот од Преспа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести