Сношти и покрај уцените и заканите, и покрај се, народот излезе на улица и кажа ДОСТА Е! Доста е од уценување!

Објавил: Македонка Димкин | 3 јуни, 2018 11:48

Васко Белески со моќна порака до Зоран Заев!

Фото/Текст извор: ©Vasco Beleski

Сношти и покрај уцените и заканите, и покрај се, народот излезе на улица и кажа ДОСТА Е! Доста е од уценување!

Сношти, да се биде дел од народот македонски беше привилегија, привилегија беше посебно поради фактот што имаше многу млади луѓе, многу ученици, студенти, татковци и мајки, пензионери. Река ид народ преку 50000 подржувачи. Да се помине низ толкава толпа на луѓе , да се влезе во центарот на таа енергија , беше повеќе од среќа, гордост и радост. Иако на многу луѓе им се гледаше јадот и чемерот , фрустрираноста на нивните лица , нивниот поглед кажуваше се: ДОСТА е НЕ СЕ ТРПИ веќе.
И организаторот на протестот председателот на ВМРО Мицкоски во неколку наврати го повтори тоа ДОСТА Е!!!

Еуфоријата беше величенствена, а протестот беше беспрекорно и добро организиран .
Бидејќи знам дека и Заев ме чита и тоа редовно еве и порака за тебе Заев:
“Кој признава пола му се простува”, предај се Заев, не си ти Заев роден да водиш Држава. Не велам дека не сакаш, сакаш ти, сакаш ама не знаеш, незнаеш како Зоране, а твоето незнање удира по џебот на граѓаните, твоето незнаење удира по достоинството на народот, твоето незнаење Зоране ја уништува Македонија. Предај се Зоране, направи го најпаметното и најдоброто за твојата и нашата земја Македонија.

ДОСТА Е!

Напиша на својот ФБ профил Васко Белески

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.