Опозиционите партии на Албанците, ќе го поддржат референдумот, по што во новиот Устав, Северна ќе е држава на Албанската и Северно Македонската нација и етничките заедници

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 8:15

БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Партиите на Албанците кои се во опозиција го чекаат отворањето на Уставот, за да испорачаат свои барања.

Овојпат ќе бараат изедначување на албанскиот со македонскиот народ, па оттаму и мотото на БЕСА на Билал Касами во предреферендумската кампања ќе биде “Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент”.

Хоџа не сакаше да открие дали за оваа можност веќе разговарале со премиерот, велејќи дека тоа е втората фаза од целиот процес. Во првата, токму со ова ветување ќе го мотивираат членството што помасовно да излезе на референдумот и да гласа „за“.

Раководството на Алијанса за Албанците, пак, ја искритикува владата за скандалите и им порача дека “За се има алтернатива, само за ЕУ и НАТО –не”.

И двете партии нема да држат класични митинзи, туку ќе имаат трибини и средби со граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести