Како и што најави Касами, до СДСМ и ДУИ, пред денешниот почеток на комисиските расправи за уставните амандмани, достави четири барања за кои инсистираат да се во уставот

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 8:25

БЕСА ги достави своите четири амандмани, еве што бараат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичката партија БЕСА на Билал Касами има четири барања кои се веќе доставени до СДСМ и ДУИ, при што чекаат Владата да изнајде начин да ги преточи во уставни амандмани.

Од партијата засега се цврсти во уверувањето дека без усвојувањето на нивните амандмани нема да гласаат за уставните измени и инкорпорирање на Преспанскиот договор во уставот.

БЕСА која има соработка со Алијансата за Албанците има четири барања, додека Алијансата најави четири свои.

БЕСА бара:

1. Во делот на преамбулата, предлогот што беше одобрен од страна на потписниците на Охридскиот договор од 2001 година, каде што Македонија ги дефинираше како еднакви сите нејзини граѓани, да биде вметнат во текстот.

2. На целата територија на Македонија и во меѓународните односи, службен јазик да биде македонскиот јазик и кирилицата и албанскиот јазик и неговата азбука.

3. Македонија да се грижи за сите нејзини граѓани што живеат надвор од територијата на Република Македонија, а не само за македонското население, додека другите етнички групи се генерализираат во “други граѓани”.

4. Да не му се дозволи на претседателот на државата да ги блокира по втор пат законите во Собранието, со што навремено, по второ гласање, а не со декрет на претседателот на Републиката, одобрениот закон ќе се објави само со потпишување на Претседателот на Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести