Основниот суд Скопје 2 ја одбил жалбата на Гаши, додека Управен се прогласи за ненадлежен, Беса на Касами во опозиција е легитимна, Беса во Влада на Гаши е нелегална

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 6:04

БЕСА е на Касами, падна првиот коалиционен партнер на Заев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Партијата Беса дефинитивно останува на крилото предводено од Билал Касами, кој е и нејзин основоположник.

Висок партиски функционер, информира дека Основниот суд Скопје 2 ја одбил жалбата на крилото на Беса предводено од Африм Гаши, тој да биде впишан како претседател на партијата.

Дополнително, фактот дека битката за партијата ја добил Касами, се поткрепува со тоа дека и Управниот суд се прогласил ненадлежен за тужбата на Гаши.

Според ова, на крилото на Гаши му останува само опцијата, повторно да се обрати до Апелацискиот суд, но од групата на Касами велат дека приказната за тоа чија е Беса, е завршена.

Касами и како приватно лице и како претседател на Беса, веќе поднел тужби со скопското Јавно обвинителство, за неовластено користење на партискиот печат и на името на партијата, до Африм Гаши, Неџбедин Каремани, Зекирија Ибрахими и Арбен Лабеништа.

Дополнително, Касами го тужи и портпаролот на второто крило, Орхан Муртезани, за клевета.

По ова, од Беса на Касами најавуваат дека очекуваат Гаши да регистрира нова партија, бидејќи, според нив, повеќе нема право на името и на печатот на Беса.

Ова не е конечна одлука, конечната одлука ќе ја донесе Апелацискиот суд. Судскиот процес продолжува. – вели Орхан Муртезани од крилото на Гаши.

Касами е предводник на опозициската Беса, додека крилото на Гаши е дел од владината коалиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.