Министерот Никола Димитров и по 11 дена нема јасен став дали листата на одбиени предлози и предлози за одобрување на идни амбасадори на Македонија е точна или не

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 11:37

Беше ли Бучковски предлог за амбасадор во САД кој го одби Иванов?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Партизацијата на македонската дипломатија носи лоши резултати, и тие се одлика на лошата организациона политика на министерот за внатрешни работи, Никола Димитров.

Имено магазин.мк информираше за предлогот на министерот Димитров, за амбасадор во САД да биде именуван поранешниот премиер, поранешен министер и поранешен претседател на СДСМ, Владо Бучковски, додека за амбасадор во мисијата на ОБСЕ во Виена како предлог било името на Љубомир Д. Фрчкоски.

Предлог решенијата за тоа кои ќе бидат идните амбасадори на Република Македонија во Обединетите Нации, во НАТО и во Кина, се очекува да ги определи Шефот на државата кој веќе неофицијално ги имал и кандидати, за кои категорично сметал дека не се соодветни за да ја претставуваат државата на највисоко ниво во странство.

Прашањето не е дали Бучковски и Фрчкоски ќе бидат, туку дали биле предлог кандидати за именуваните амбасадорски места?

На веста која беше гласно пренесена Бучковски кратко искоментира:

Голем предизвик е да се биде македонски амбасадор во САД, но за волја на вистината, ниту со премиерот, ниту со министерот за надворешни работи Димитров, не сум разговарал на оваа тема. –  изјави Бучковски.

Од МНР прво се огласи портпаролот со изјавата:

Денеска е недела и не можам да проверам дали е информацијата точна. Не е ништо итно, ќе проверам утре. – изјави портпаролката на МНР Елена Пресилска.

За денес, 11 дена по објавата на информацијата МНР да ја демантира веста како шпекулација:

Нема вистина во пишувањата дека Владо Бучковски, поранешниот премиер и министер за одбрана ќе биде идниот македонски амбасадор во САД, станува збор за шпекулација. – информираат од МНР.

Како не добивме конкретен одговор, министерството за надворешни работи на Македонија би можело да ја потврди или негира целата листа идни кандидати за амбасадори?

Паскал Гилевски – шеф на кабинет на Димитров, за амбасадор во САД

Горан Стефчевски – дел од тимот што го спремаше Договорот од Нивици – за амбасадор во Унгарија

Оливер Крлиу – амбасадор во Холандија

Кенан Рамадани –  амбасадор во Швајцарија

Сашко Тодоровски – сопруг на Мирјана Најчевска, за амбасадор во ОБСЕ во Виена, Австрија

Фатон Бејта – амбасадор во Копенхаген (како награда за неговиот ангажман во дисциплинската комисија за отказни решенија на 4 политички неподобни дипломати)

Драгољуб Павловски -конзул во Детроит (исто како награда за неговиот ангажман во дисциплинската комисија за отказни решенија на 4 политички неподобни дипломати)

Фуат Хасановиќ – за конзул во Истанбул (за истиот имаше извештај од финансиската ревизија проневера од 50.000 долари како амбасадор во Катар).

Слаб министер и дипломатија без амбасадори

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.