Легализацијата на употребата на канабисот може да има економска бенефиција за граѓаните, за земјоделството и за државата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 март, 2019 11:28

Богоевски: „Државите кој ја легализрале марихуаната се побогати и имаат поголем економски буџет„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Легализацијата на употребата на канабисот може да има економска бенефиција за граѓаните, за земјоделството и за државата. Земјоделците од канабисот може да произведуваат добиточна храна, биодизел, пелети и лекови, додека државата од оданочување на канабисот за медицинска употреба може да генерира значителни средства.

На оваа тема за легализација и употреба на канабисот беше разговарано на јавната расправа на тема „Економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот”, што се одржа минатата недела во рамките на парламентарната Комисија за економски прашања во Собранието и на која учествуваа пратеници, адвокати, професори, експерти и претставници од граѓанскиот сектор.

Пратеникот Павле Богоевски рече дека државите кој го легализирале канабисот, веднаш забележале огромни дополнителни приходи во својот буџет.

Локализираната марихуана ги прави институциите на прогонот многу по ефективни и поефикасни и ќе можат да се справат со опасни облици на трговија со дрога истакна Богоевски.

Пратеникот Павле Богоевски од криминалистички аспект нагласи дека државите што ја промениле својата политика во однос на канабисот од аспект на декриминализација веднаш бележат поефективно управување со полициските ресурси.

– Сметам дека државната казнена политика треба да биде променета кон употребата на марихуаната. Треба да биде предвидена одредена количина марихуана што ќе биде сметана како количина за една употреба и доколку не биде пакувана во одделни пакетчиња наменети за продажба на мало да не биде сметана како основа за утврдување намера за дистрибуирање и тргување со тој канабис, рече Богоевски.

Доколку зборуваме за легализација, што е еден чекор понатаму од декриминализација на канабисот, може да кажам дека државите што го имаат направено тоа веднаш бележат огромни дополнителни приходи во својот буџет.

– Приходи што понатаму ги употребуваат во издигање на јавната свест. Одат во насока на доопремување на полициските станици и во буџетите на јавните обвинителства.

Легализираната марихуана ги прави институциите на прогонот поефективни, поефикасни и поопремени да се справат со вистински опасните облици на трговија со дрога и психотропни супстанции, истакна Боговски.
Сојузната американска држава Мичиген, на пример, го оданочи рекреативниот канабис со 10 проценти и во 2017 години генерира 737,9 милиони долари, средства што се доволни за четири години да го исполнат буџетот на сите полициски станици во таа држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.